Раул Гонзалез ги одбра 16-те ракометари за дуелот со Јапонија

Македонија ќе ги почне натпреварите на СП во Германија со дуел со Јапонија денеска а селекторот Раул Гонзалес ги 16 ракометари со кои почнува на Мундијалот. На првиот натпревар ќе бидеме без голманот Златко Даскаловски и без пивотменот Милан Лазаревски. од 18-те ракометари со кои Македонија допатува на СП според пропозициите имаме право на 16, а во текот на првенството може да се направат максимум три измени.

За очекување беше изборот на Гонзалес бидејќи и досега на голманската позиција поголема шанса добиваа Борко Ристовски и Никола Митревски, додека младиот Лазаревски влезе во составот во последен момент по повредата на Димитар Димитриоски.

Средбата меѓу Македонија и Јапонија е закжана за денеска од 15,30 часот. Преност ќе има на МТВ,.

СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА НА СП ВО ГЕРМАНИЈА

Борко Ристовски, Никола Митревски, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Кире Лазаров, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Горан Крстевски, Филип Чурлевски, Марио Танкоски