Раул: Без мотивација и разноврсност во играта нема што да барате на вакви натпреварувања (ВИДЕО)

Македонија не успеа да слави и на четврттиот натпревар против европска селекција на СП . После поразите од Хрватска, Шпанија и Исланд во групната фаза, “црвено-жолтите” претрпеа пораз од Русија со 30-28, по кој ќе мора да играат во борбата за 15.место против поразениот од дуелот Чиле-Катар.

Предводникот на македонскиот национален тим-Раул Гонзалес, смета дека тактиката седум на шест не беше во целост исполнета на теренот, а големиот број на грешки само придонесоа Русија набрзина да стекне висока предност која беше навистина тешко да се стигне во продолжението. Според Шпанецот без мотивација и разновидност во играта нема што да се бара на вакви натпреварувања. Не е толку незадоволен од овој пораз колку од тоа што нашата репрезентација не успеа да ја помине групата.

Целосната изјава на Раул Гонзалес за 24Ракомет ТВ погледнете ја на видеото во продолжение.