Ракометот го победи фудбалот: Натпревар од Мундијалот бил најгледан спортски настан во Германија за 2019!

Фудбалот е најпопуларен спорт во светски рамки, слично е и на европскиот континент, но се чини дека полека и ракометот се доближува кон врвот со својата популарност, кога е во прашање Германија.

Како поинаку да се објасни фактот, што два од најгледаните три спортски настани во годината што полека изминува се ракометни натпревари.

Дуелот меѓу Данска и Норвешка од машкиот Мундијал кој се одржа во јануари, одигран на 25 јануари е на првото место и него го гледале околу 12 милиони гледачи.

На второто место е фудбалскиот натпревар од квалификациите за ЕП меѓу Германија и Холандија, додека на третото место е ракометниот дуел од Светското првенство меѓу Хрватска и Германија, кој го следеле 10 милиони гледачи.