Ракометна лекција за Европа: Германија е сензационалниот владетел на стариот континент

Подмладениот состав на Германија направи вистинска изненадување на првенството и успеа со одлична игра да стигне до големото финале во кое се сретна со фаворизираната Шпанија. За Шпанците пак ова финале беше трета шанса за златен медал но младиот и фантастичен состав на Германија направи вистинска сензација и ја покори црвената фурија по одличната победа со резултат од 24-17 (10-6).

ger-spa 1

Шпанија го имаше почетниот напад, но Германија прва стигна до погодок преку одличниот ракометар на Кил – Дамке и Хефнер зголеми за (2-0). Шпанија имаше проблем со нападот во првите шест минути, но одличниот Штербик забележа уште на стартот три одбрани и не дозволи Германија да забележи позначајна предност. Ривера со погодокот од седум метри и го донесе првиот гол на Шпанија, но Хефнер со два последователни погодоци и Рајхман со еден ја однесоа Германија на позитива од четири погодоци (5-1) по само десет минути игра. Во следните десет минути ништо се промени, Германците повторно со одлична игра и благодарение на чуварот на мрежата Волф ја одржаа предноста од четири погодоци (8-4). Шпанија до крајот успеа да постигне само шест погодоци наспорти 10 на Германците кои отидоа на пауза со солдина предност.ger-spa 2

Дамке и Шмит беа пак успешни на стартот на вториот дел со што Германија не дозволи да ја изгуби стекнатата предност. Германија продолжи фуриозно и стигна до предност од седум погодоци во 46тата минута (17-10), со што владеше вистинска конфузија во составот на Шпанија. Во последните десет минути, Германците влегоа со играч повеќе и предност од седум погодоци, а Пекелер, Дамке и Фет повторно ја зголемија предноста на Германија на неверојатни плус 9 погодоци (22-13). Огромната предност беше недостижна за Шпанија па така Германија заслужено стигна до највисокото место на пиедесталот со конечен резултат (24-17)

12650626_10207005422127210_184323940_n

Беспрекорен во составот на Германија беше  Хефнер со седум погодоци а одличен беше Волф на голот со 48 % одбраните удраи. Во составот на Шпанија најрасположен за игра беше Ентрериос со 5 погодоци, а Штербик забележа 14 интервенции.

Ова е второ злато за Германија од континенталните првенства. Првиот златен медал Германија го освои на Европското првенство во 2004 година одиграно во Словенија.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ