Ракометната кражба во данска режија (ВИДЕО)

Хрватската ракометна репрезентација доживеа болен пораз од Германија на Мундијалот на кој еден од организаторите е токму Германија. Дали тоа беше и една од причините за криминалното судење на данскиот судиски танден Гјединг-Хансен во клучните минути од натпреварот останува дискутабилно.

Според хрватскиот селектор Лино Червар се е јасно како солза. Германија како домаќин мораше на секој начин да се пласира во полуфиналето, а по испуштените бодови во првата фаза, веќе немаше шанса за поправен. А кога е така, без разлика за кое натпреварување станува збор (СП, ЕП, ЛШ) на сцена стапуваат контроверзните данци за кои од поодамна е познато дека се омилената двојка на ЕХФ за креирање на одредени ракометни политики.

 

Червар веднаш по завршувањето на мечот истакна дека ова е невиден срам на ракометните терени, едноставно уште пред почетокот на натпреварот Хрватска мораше да биде жртвено јагне, а воедно побара и итна елиминација на данскиот судиски пар од судиската организација.

Да потсетиме Хрватска вчера играше егал натпревар против домаќинот Германија во кој во најголемиот дел имаше мала негатива. Сепак “каубоите” собраа сили да направат пресврт и го превземаа водството на пет минути до крајот на мечот. Е тогаш на сцена стапија данците во црно, чие судење кулминираше во текот на последната минути кога Хрватска тргна во напад за израмнување, а тие веднаш досудија во најмала рака дискутабно пробивање на Карачиќ со што ги решија сите дилеми за пласманот на домаќинот во полуфиналето.

Како изгледаше спорниот момент на дуелот помеѓу Германија и Хрватска погледнете на следниот ЛИНК.