Раднички посакува изненадување, Митјиланд главен фаворит за влез во ЛШ

На 20 и 21 септември во Крагуевац ќе се одиграат квалификациите за влез во Лига на шампионите. Раководството на ЖРК Раднички Крагуевац реши да го организира квалификацискиот турнир на групата број 2 со цел да овозможи полесен пат на своите ракометарки  во најелитното натпреварување. Освен Раднички Крагуевац, учесници ќе бидат и Митјиланд од Данска, Бјасен од Норвешка и Подравка Вегета од Хрватска.

Во сабота ( 20. 09. 2014) борбата за влез во Лига на шампионите ја започнуваат Подравка и Бјасен со  почеток од 17 : 00 часот. Раднички Крагуевац и Митјиланд силите ќе ги одмерат во 19 : 30 часот, а  според најавите спортската сала  ” Езеро ” ќе биде исполнета до последно место. Победниците од овие два дуели ќе се сретнат во големото финале закажано за недела ( 21. 09. 2014) со почеток од 19 : 30 часот, додека натпреварот за третото место е закажано во 17 : 00 часот.

Фаворит за освојување на квалификацискиот турнир во Крагуевац е данската екипа Митјиланд. Тимовите на Бјасен и Подравка во ниту еден случај не треба да се потценат,  а домашниот тим Раднички со помош од публиката се надева дека ќе ја искористи дадената шанса.

Влезот за натпреварите во Крагуевац е слобододен .

ЖРК Раднички Крагуевац ( сезона 2014 /15)

radnicki kraguevac

Митјиланд ( сезона 2014/15)

mitjiland- denmark

Бјасен ( сезона 2014/15)

bjasen-handball-elite

РК Подравка Вегета ( сезона 2014/15)

podravka vegeta-ehf