Путин ги поднови олимписките шампионки со BMW X6! (ФОТО+ВИДЕО)

Руската репрезентација предводена од Евгениј Трефилов се закити со олимпиското злато во Рио, откако во финалниот меч на женскиот турнир славеше над репрезентацијата на Франција со 22:19. Ракометарките кои досега не важеа за многу популарни спортистки во нивната земја, сега се во фокусот на јавноста.

vecera

Сен, Бобровникова, Вјахирева, Илина и останатите беа на прием во Кремљ кај претседателот на Русија, Владимир Путин. Тие му се заблагодарија за неговата поддршка и му ја подарија топката со која се одигра финалниот меч.

putin

„Приемот кај Путин беше одличен. Јас ја поздравувам неговата одлука да ги поддржи сите руски спортисти. Но, ние бевме единствените кои направија селфи со него.“ – низ смеа изјави Ана Сен.

На крајот на приемот сите ракометарки беа изненадени со луксузен подарок. Тие ги добија клучевите од BMW X6 , а дел од нив веднаш по приемот, го „пробаа“ новиот „ѕвер“.

sen