По нападот на судиите, Червар денеска му се “пушти” на новинарот на Нова ТВ

Хрватска по поразот од Германија ги загуби шансите за пласман во полуфиналето на Мундијалот. Тешка ноќ беше тоа за хрватскиот национален тим и фановите на популарните “каубои”.

Селекторот Червар и ден после тешкиот пораз не може да се помири со елиминацијата од полуфиналето сметајќи дека данските судии Гјединг и Хансен се главните виновници за сето тоа.

Веднаш по натпреварот со Германија, Червар немилосрдно удри по данските судии, а денеска наутро продолжи да ја истура нервозата, овојпат на новинарот на Нова ТВ-Владо Бобан.

Бобан потенцираше дека беше за очекување судиите да му дадат ветар во грб на домаќинот,  па воедно го праша хрватскиот селектор дали ги подготвил ракометарите за такво сценарио во најважбиот натпревар.Прашање кое Червар го доживеа како личен атак на него.

“Сакате да кажете дека бевме психички лошо подготвени за натпреварот, а бевме одлично подготвени. Не знам еве објаснете ми. Тврдам дека нашите ракометари немаше да одиграат таков натпревар да не беа одлично подготвени. А вие сакате да ми кажете дека тоа не така. Не ми е јасно- возврати Червар па продолжи.

“Каде сме? На која линија? Како може да играат така ако не се добро психички подготвени? Дали вие ќе игравте ако ве крадат цело време а да не сте добро психички подготвени? Тие беа навистина јаки. На крајот само покажаа дека беа покрадени. Па нема веројатно после натпреварот да кажеме: па добро, нема проблем, ни го одземавте пласманот во полуфиналето.-заврши Червар.