Потврдено: В година СЕХА се дели на две групи!

Во следната сезона СЕХА Газпром лигата ќе има 12 екипи и ќе биде поделена во две групи по 6. Ова го потврди Михајло Михајловски, претседателот на СЕХА Газпром лигата на гостувањето во емисијата „Трибина“ на Ал Џезеира ТВ.

Останува само да се разреши дилемата кои екипи ќе учествуваат. Но, сигурно е дека ќе постои полудиригирано жребување, односно екипи од иста земја нема да може да бидат во иста група. Тоа значи дека двете екипи од Македонија в година ќе може меѓусебе да се сретнат само во втората фаза од натпреварувањето. Со ширењето на лигата со број на учесници се отвора можноста за влез на екипи од Унгарија и Словенија со што лигата би била уште посилна.

Со новиот систем на натпреварување ќе има вкупно 14 топ натпревари, што е за шест помалку од сегашните 20 колку што може да одиграат најдобрите. Системот на натпреварување дополнително ќе биде објавен. Но, ако се нализира најавата на Михајловски тогаш во групната фаза би се одиграле 10 натпревари. Потоа би следувала четвртфинална фаза со уште две средби (дома – гости) и победницте би играле на Ф4 турнир каде ќе се играат уште два меча.

„Засега не се размислува за никаква Б СЕХА лига или нешто слично. Единствено се размислува да се воведат турнири за кадетски екипи на екипите од СЕХА лигата, не само на оние што играат туку и они ешто порано биле членови. Така ќе им се овозможи на младите екипи да имаат повеќе квалиттени натпревари, вели Михајловски.

Осмиот Ф4 турнир во СЕХА лигата годинава се игра во Брест, Белорусија, а ќе играат Вардар – Мешков и ППД Загреб – Нексе. Турнирот се игра на 2 и 3 април.