После Омејер уште една ѕвезда на триколорите стави крај на играчката кариера

Голманот на репрезентацијата на Франција, Тиери Омејер на крајот од сезоната одлучи даја заврши својата кариера, па Франција остана без еден од своите најдобри голмани во историјата. Тој беше дел од генерацијата која го најави трофејниот период за триколорите.

Во пензија му се придружи уште еден ракометар кој беше дел од таа генерација, десното крило, Жилијам Јоли кој стави крај на својата кариера на 35 годишна возраст .

Јоли е еден од најуспешните француски ракометари бидејќи во својата репрезентативна кариера освои две злата на Мундијалите и два трофеи од Европските првенства. Притоа освои златен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Најзабележителни настапи имаше во тимот на Данкерк каде и ја заврши својата кариера, а покрај за нив настапуваше и за Вилербане, Шамбери, Ваљадолид и Вецлар. За репрезентацијата на 118 настапи погоди 346 гола.