Португалија домаќин на 22 Светско Универзитетско Ракометно Првенство

Португалија ќе биде домаќин на Светското универзитетско првенство, во кое ракометот е една од главните дисциплини која ќе биде понудена на програмата. Првенството ќе се одржи од 3 до 10 август во градот Гимараеш.Учество на универзитетското првенство ќе земат повеќе од 600 натпреварувачи од 24 земји.

Ракометот беше првиот спорт кој Интернационалната Универзитетска Спортска Федерација го искористи да организира Светско Универзитетско Првенство, на кое во 1963 година домаќини беа Шведска и градот Лунд.Од тогаш оваа дисциплина се повеќе се развиваше и стана еден од најпопуларните спортови на Универзитетските првенства. Универзијадата која во 1998 година се одржа во Нови Сад ( Србија), и онаа во 2006 година во Полска беа организирани на високо ниво.

Од 1994 година и женскиот ракомет официјално зема учество на Универзијадата во Братислава. Во 2006 година во Гданск(Полска) на Светското Универзитетско ракометно првенство беа организирани натпреварувања и во машка и во женска конкуренција.

На последната Универзијада која се одржа во градот Блуменау(Бразил),Чешката репрезентација беше победник и во двете конкуренции, и оваа година ќе се појави во Гимараеш како бранител на трофеите.

Преелиминарните групи во три различни термини ќе се играат од 4 до 6 август во Гимараеш, по што следуваат натпреварите од четвртфиналето, полуфиналето и самото финале.

ПРЕЕЛИМИНАРНИ ГРУПИ:

Машка конкуренција:

Група А: Португалија, Кинески Тајпеј, Полска, Египет.

Група Б: Чешка, Мексико, Русија, Турција.

Група Ц: Бразил, Шпанија, Јапонија, Романија.

Женска конкуренција:

Група А: Португалија, Јапонија, Русија, Мексико.

Група Б: Чешка, Бразил, Шпанија, Србија.

Група Ц: Романија, Јужна Кореја, Полска, Уругвај.