Порано од планираното, Загреб и Вујо ќе добијат засилување на бековската позиција

Црногорскиот репрезентативец Милош Божовиќ требаше да премине од Татабања во Загреб по крајот на сезоната. Но како што најавуваат медуимите во Црна Гора овој трансефер ќе се реализира шест месеци порано, односно во јануари.

Шампионот на Хрватска и тренерот Веселин Вујовиќ инсистирале играчот да го имаат после Европското првенство во своите редови и веќе платиле и обештетување на Татабања за предвремено реализирање на трансферот. 25 годишниот Црногорец ќе се приклучи на тимот на Загреб после завршување на обврските со репрезентацијата на ЕП.

Левиот бек претходно во кариерата има настапувано за Будванска Ривиера, Сиудад Реал, Валјадолид, Горење Велење и Татабања. Божовиќ ќе го засили Загреб во пресрет на дуелите од Лигата на шампионите против големите фаворити ПСЖ и Барселона исто така и за дуелите од СЕХА лигата.