Металопластика им го отвори апетитот на „фармацевтите“, следна на менито Бидасоа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Еурофарм Работник им се вратија на победите, откако славеа над некогашниот европски шампион Металопластика Шабац со убедливи 32-21.

Битолчани уште од стартот му покажаа на гостинскиот тим дека нема што да бара на овој натпревар и можеби полесно од очекувањата го решија прашањето околу победникот.

Следен предизвик за „фармацевтите“ ќе биде Лигата на шампионите и натпреварот на гостински терен против шпанска Бидасоа Ирун.