Поранешна вардарка паузира пола година поради повреда

Левото крило Тамара Мавсар после една сезона во Вардар го напушти црвено-црниот табор и се врати во Крим, но нема да може да игра во следните шест месеци. Мавсар го повреди коленото на натпревар од турнир во Унгарија така што докторите дадоа лоша вест.

Таа ги има скинато предните вкрстени лигаменти на левото колено, па поради тоа ќе ја пропушти групната фаза во Лигата на шампионите. Воедно нема да биде во можност да игра и за репрезентацијата на Словенија на Светското првенство во Германија.