Поранешен светски и европски шампион е нов рекордер по бројот на настапи во Бундес лигата

Поранешниот светски и европски шампион Карстен Лихтлајн го надмина 14 години стариот рекорд на неговиот колега Јан Холперт по бројот на настапи во првенството на Германија. Лихтлајн со 626 меча сега е рекордер со најмногу настапи во Бундес лигата.

39-годишниот голман го поставни новиот рекорд на гостувањето на неговиот клуб Ерланген кај Хановер. Карстен Лихтлајн кариерата во Бундес лигата ја започна во 2000 година во Гросвалштат, потоа настапуваше за Лемго и Гумерсбах, пред да се пресели во Ерланген на почетоткот на сезонава.

Тој најзначајните успеси ги има постигнато со репрезентацијатана Германија кога го освои златниот медал на Светското првенство во 2007 година. Исто така има и два златни медали од Европските првенства во 2004 и 2016 година.