Поранешен репрезентативец го засилува Пелистер

Раководството на суперлигашот од Битола е во преговори со ракометар кој е поранешен репрезентативец на Македонија кој зад себе има одлични резултати и како јуниор и како член на сениорската селекција. Тој е пред договор со битолчани, па се очекува до почетокот на сезоната да стане член на тимот на Пелистер.

Поранешниот член на Младост, Вардар, Металург, Загреб, Одорхеи… се очекува во сезоната која почнува следниот викенд да го носи дресот на тимот на Пелистер. Мите Стоилов и битолчани се во завршна фаза со преговорите така што се очекува деновиве да биде финализиран трансферот и Пелистер да добие искусен играч во бековската линија кој ќе биде одлично засилување и за одбраната и за нападот.

Со него тренерот Стевче Алушевски ќе добие многу повеќе во ротацијата така што останува само да завршат преговорите, па играчкиот кадар да добие уште повеќе на квалитет и битолчани да бидат најсериозни кандидати за освојување на првото место во првиот дел од сезоната во Супер лигата.