Поповски:Таков е спортот, некогаш победуваме а некогаш губиме

Македонската ракометна репрезентација “падна” на клучниот натпревар од групата Б на СП во Данска и Германија. Овојпат Исланд ја доби битката со нашите момци, кои повторно одлично го започнаа но лошо го затворија натпреварот. На жалост сега веќе нема поправен испит, па ракометарите во “Президент купот” ќе се обидат да ја избегнат опашката на СП.

Мартин Поповски беше еден од помладите ракометари кои добија нешто поголема минутажа на натпреварите на СП. Според него Македонија денеска одигра добар натпревар таков е спортот во кој еден мора да загуби.

“Ова беше натпревар гол за гол, постојано се враќавме во игра. Можеби некој судиски одлуки на крајот не требаше да бидат такви, но не смееме во судиите да ја бараме вината за овој пораз. Не игравме воопшто лошо денес, но таков е спортот некогаш се победува  а некогаш се губи. Сега треба да ги изладиме главите за следната фаза каде не очекуваат натпревари за што повисок пласман на СП. За понатаму мора да бидеме сплотени, да видиме како ќе продолжиме и да не губиме вакви натревари кои се исклучително важни”.