Полска: Киелце поведе со 2-0 во финалната серија против Висла!

Во еден извонреден натпревар кој понуди неизвесност до самиот крај, борба на секој дел од теренот и продолжение од 10 минути, екипата на Киелце успеа да ја совлада Висла Плок со 36-34 (18-17 31-31) и да поведе со 2-0 во финалната серија. Играчите кои наредната сезона ги напуштаат редовите на Киелце, Венио Лосерт и Торир Олафсон беа главните креатори на победата на својот тим. Најпрво Лосерт во последната минута од продолжението успеа да одбрани напад на противникот, а Олафсон со удар од 7 метри го постигна последниот гол на овој натпревар и ја „запечати“ победата на својата екипа.

Венио Лосерт
Фото: www.vivetargi.pl
Олафсон
Фото: www.vivetargi.pl

Мариуш Јуркевич (централен бек, Висла Плок):

Ние покажавме две различни лица овој викенд во Киелце.По првиот катастрофален натпревар одржавме состанок, ги консолидиравме своите редови и веќе на вториот натпревар покажавме колку можеме да дадеме во ова финале. Игравме добра одбрана и не му дозволивме на противникот лесно да постигнува голови. Имаше голема разлика од првиот натпревар успеавме да го доведеме натпреварот во продолжение.

Талант Душебаев(тренер, Киелце):

Среќен сум поради водството од 2-0 кое го имаме во финалната серија но не и од играта која ја прикажаа моите ракометари. Имавме проблем со концентрацијата, и ова не ни се случува прв пат. Денес при нападот на нивната 5-1 одбрана многу грешевме. Во последните минути ја сменивме одбраната во 6-0 бидејќи повеќето од играчите веќе беа уморни.

Томаш Росински (централен бек, Киелце):

Денешниот натпревар беше многу потежок од натпреварот во саботата. Многу потешко игравме во нападот. За наша среќа успеавме да одиграме поконцентрирано во продолжението, иако и тогаш имавме некои грешки. Наша желба е во Плок да одиграме многу подобро и да ја завршиме серијата во три натпревари.

Збигњев Кватковски (пикер, Висла Плок):

На денешниот натпревар се боревме со сите сили. На екипата на Киелце не и беше лесно како на првиот натпревар. Сите во мојата екипа се прашувавме што која беше причината што убедливо го загубивме првиот натпревар. Денес дадовме се од себе да го добиеме овој натпревар, но за наша несреќа Киелце повторно победи. Но ја се надевам дека ќе одиграме уште два натпревари во Плок и навистина имаме голема желба да победиме. Наша желба е да се вратиме во Киелце на 5-тиот одлучувачки натпревар. Заедно со тренерот ќе направиме анализи, и со подршка од нашите навивачи сигурен сум дека ќе се вратиме во игра.

По завршување на натпреварот следуваше свечен момент на кој со овации беа испратени Венио Лосерт и Торир Олафсон кои од наредната сезона нема да ги бранат боите на Киелце.

Олафсон Лосерт
Фото: www.vivetargi.pl
Лосерт опроштај
Фото: www.vivetargi.pl
олафсон опроштај
Фото: www.vivetargi.pl

Трет натпревар (24 мај,Орлен арена Плок 17:00 часот)