Познат „возниот“ ред во Асобал: Синфин и Димитриевски против Хуеска, Петров и Гвадалахара стартуваат со Ла Риоха

Шпанската федерација го објави распоредот за сезоната 2019/20. Во првото коло ќе има неколку интересни дуели а најголемо внимание привлекува натпреварот помеѓу минатогодишниот вицешампион Бидасоа кој ќе гостува кај амбициозниот Адемар Леон.

Синфин Сантандер на Дарко Димитриевски во првото коло на домашен терен ќе игра против Хуеска, а шампионот Барселона исто така на домашен терен не би требало да има никакви проблеми против Анаитасуна. Тимот на Гвадалахара, каде што ќе игра Костадин Петров, во првото коло гостува кај Ла  Риоха.

Првото коло ќе се игра на 7. септември.

Асобал лига, 1 коло:

Барселона – Анаитасуна
Адемар Леон – Бидасоа Ирун
Бенидорм – Пуенте Хенил
Синфин Сантандер – Хуеска
Кањас – Грањолерс
Логроњо – Гвадалахара
Куенка – Сагунто
Нава – Ваљадолид