ПОГЛЕД ВО СТАТИСТИКАТА: Хансен, Сагосен и Лазаров со најсилни бројки

Завршувањето на Светското првенство е добра можност за да се погледне низ статистиката и да се добијат бројките за она што беше сработено од страна на ракометарите за време на шампионатот.

Тројца ракометари се издвоија, а сите настапуваат во првенството на Франција. Двајца играчи на ПСЖ и еден на Нант ги имаа најдобрите бројки после овој турнир.

Микел Хансен кој е најдобриот стрелец е и играч со убедливо најмногу поени. Кога на 72 погодоци ќе се додадат и 37 асистенции тој добива 109 поени со кои е пред Сандер Сагосен (98) и Кирил Лазаров (86). Ако се земе просекот тогаш е сосема јасно кој го има најдобриот бидејќи Лазаров има 86 на седум средби и просек од над 12 голови и асистенции по натпревар за разлика од нешто помалку од 11 на Хансен.

Магнус Гулеруд од Норвешка, пак, е играчот со најмногу укредени топки, додека просечно најказнуван е Максим Михалин од Русија.

НАЈКОРИСНИ ИГРАЧИ

Микел Хансен (Данска)              109 поени (72 гола + 37 асистенции)

Сандер Сагосен (Норвешка)     98 поени (51+47)

Кирил Лазаров (Македонија)  86 поени (48+38)

НАЈМНОГУ УКРАДЕНИ ТОПКИ

16 – Магнус Гулеруд (Норвешка)

13 – Фелипе Боргес (Бразил)

13 –Патрик Винцек (Германија)

НАЈКАЗНУВАНИ РАКОМЕТАРИ

4,3 – Максим Михалин (Русија)

4,0 – Федерико Фернанедз (Аргентина)

4,0 – Вајди Синен (Катар)