Победничкиот поход на Вардар во СЕХА тргна од „Јане Сандански“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар одработија одличен натпревар на стартот од новата сезона во СЕХА лигата. Со победата од 37:23 против тимот на Пекинг Спорт Универзитет влегоа во шампионатот победнички и најавија одлична сезона.

Новиот тренер Давид Писонеро им даде шанса на помладите и одмори добар дел од играчите кои играа на Супер Глоуб што јасно покажува дека тој сезонава смета на сите играчи и верува во сите.

Сосема јасно е дека ова ќе биде сезона во која ќе мора сите да го дадат максимумот, а ако денот по утрото се познава, тогаш победничкиот поход на Вардар почна уште денеска и ќе треба само да трае и во следните месеци.