Пивотот на Гранољерс заврши со играњето за да стане политичар

Пивотот на екипата на Гранољерс, одлучи на 37 години да стави крај на својата играчка кариера за да може да се посвети на политиката. Алваро Ферер одлуката за неговото пензионирање од активно играње ракомет ја соопшти официјално, а кариерата ја завршува на 37 години.

Ферер мина 18 сезони како активен играч, а во кариерата настапуваше и за тимовите на Адемар Леон, Атлетико, Порто, Хановер и Гранољерс.

На последните општински избори, Алваро Ферер беше избран за советник од Социјалистичката партија на Каталонија во Градскиот совет на Гранољерс, па на тој начин во иднина ќе гради своја кариера како политичар.