Петров се израдува на првата победа во Асобал

По поразот во првото коло од Ла Риоха, тимот на Гвадалахара каде што игра македонскиот интернационалец Костадин Петров, забележа победа во Асобал лигата.

На домашен терен, Гвадалахара славеше над незгодниот Моразо Кангас со 29-22, откако и на полувремето водеше со 14-10.

Петров стандардно одлично игра во дефанзивата, но еднаш беше прецизен и во нападот на домашниот тим.

Тимот на Синфин Сантандер, каде игр Македонецот Дарко Димитриевски, загуби кај Ваљадолид со 29-23, а средниот бек ја погоди еднаш мрежата на домашните.