Петров дебитираше во Асобал, легендарниот голман со 47 години блескаше, но…

Пивотот од Македонија кој во новата сезона ќе настапува во Асобал лигата, Костадин Петров го одигра својот прв натпревар за Гвадалахара во првенството на Шпанија, а загуби на гостувањето кај Логроњо Ла Риоха со 23:25.

Петров не успеа да постигне погодок на својот прв меч, а имаше еден нереализиран удар. Покрај тоа доби две исклучувања во 43 и 52 минута.

На овој натпревар блескаше ветеранот на голот на Гвадалахара, Хозе Хомбрадос. Тој собра 18 интервенции, но и ова не беше доволно да се дојде до победа на гостувањето.