Перез Де Варгас: Дали се грижат за ракометарите? Не би рекол! (ФОТО)

Голманот на Шпанија и Барселона, Перез Де Варгас, се пожали на големиот број натпревари кои ракометарите ги играат за време на Мундијалот.

Големиот број натпревари во краток временски период не влијаат добро на ракометарите, па како резултат на тоа голем број играчи се здобија со повреди поради поради кои нема да можат да настапат до крајот на сезоната. Најголеми губитници од ова, покрај ракометарите се и репрезентациите и клубовите кои во трката по титулите остануваат без услугите на своите играчи.

Актуелната ситуација на Мундијалот во Данска и Германија каде повреди заработија голем број на ракометари како Циндриќ (Хрватска), Дани Душебаев (Шпанија), Штробел (Германија) и др, го испровоцира еден од најдобрите ракометни голмани на светот да го каже своето мислење во врска со ова прашање.

Перес Де Варгас на твитер упати отворено прашање до ИХФ дали воопшто се грижи за ракометарите, на што неговиот одговор беше негативен.

“Ставајќи поголем број на натпревари во календарот за натпреварување не помага на ракометарите! Осум натпревари во дванаесет дена , плус патувања во меѓувреме! Дали тие се грижат за ракомерите? Не би рекол…

Шпанија немаше некој позабележителен настап на Мундијалот во Данска и Германија, па откако не успеа да се пласира во полуфиналните борби, утре против Египет ќе игра во борбата за 7.место на СП.