Пелистер ја крои судбината на Чантурија

Два дена по инцидентот на пријателскиот натпревар меѓу Пелистер и Бутел, работите во битолскиот суперлигаш сè уште не се на свое место. По повеќе од четири години, престојот во Пелистер на еден од најискусните ракометари Реваз Чантурија е доведен во прашање.

За Чантурија се очекува одлуката од управниот одбор на клубот. Тој изминативе два дена не се појави на тренинг и сè уште не е познат статусот на искусното крило во битолскиот ракометен бренд. Чантурија на дуелот со Пелистер бил вербално нападнат од тренерот Јошко Петковиќ по што десното крило возвратило. По мешаницата искусниот грузиски репрезентативец го напушил теренот.

Откако ќе се согледаат сите аспекти и изјави на ракометарите, ракометниот клуб Пелистер се очекува да излезе со повеќе информации и одлуки.

Пријателскиот натпревар против Бутел заврши со победа на Пелистер од 24-21 , битолчани се подготвуваат за почетокот на пролетниот дел од сезоната, во која има убава шанса да се пласираат во плеј-оф завршницата од македонскиот шампионат.