Пелистер издржа една полувреме, Охрид фаќа залет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Охрид по победата над Работнички во минатото коло, го забележаа и вториот триумф во елитното друштво.

Избраниците на Раде Стојановиќ славеа во Битола кај Пелистер со 19-25, во натпревар во кој клучната разлика ја направија во вториот дел.

Охриѓани по паузата посакуваат место во плеј-офот, а со Раде Стојановиќ на клупата се чини се на вистинскиот пат.