Пан Американски квалификации: Аргентина шампион трет пат по ред, Чиле е последниот патник за Катар

Репрезетацијата на Аргентина трет пат по ред е победник на Пан Американскиот турнир. Во финалниот натпревар помалку неочекувано тие ја растурија репрезентацијата на Бразил со 30-19 и со стил го прославија пласманот на Светското првенство во Катар 2015 година.

Во натпреварот за третото место, репрезентацијата на Чиле успеа да го совлада домаќинот Уругвај со 25-24 и заедно со Аргентина и Бразил ќе биде учесник на Светското првенство во Катар 2015 година.