Охрид ќе мора да бара десен бек: Лазар Петровиќ се сели во елитната лига на Шведска!

Младиот и перспективен десен бек од Србија – Лазар Петровиќ, кој минатата сезона дојде во тимот на Охрид, нема да го продолжи својот престој покрај езерото.

Србинот заминува во шведскиот Варберг, кој обезбеди место во елитната конкуренција, откако во баражот го елиминира АИК Стокхолм.

Петровиќ потпиша договор на две години, а Охрид ќе мора да се активира на трансфер пазарот, бидејќи остана и без Стефан Трпчевски, кој се сели во Израел.