Охрид доби учесник во женската супер лига

Градот Охрид следната сезона на свој терен ќе гледа натпревари од женската супер лига. Женскиот ракометен клуб Моби Дик оствари  пласман во најквалитетното натпреварување откако го совлада ЖРК Куманово со резултат 28:27 (12:9) и осигура влез во СКОПСКО Супер Лига. Екипата е главно составена од ракометарки од Охрид и Струга, а освен сениорската екипа, ракометниот клуб располага и со младински и пионерски погон. Натпреварите ги играат во спортската сала „Билјанини Извори“ , а на секој натпревар има солидно посетеност. Главен лидер на екипата е искусната Моника Ристовска. За следната сезона амбициите на овој клуб се пласман меѓу најдобрите пет екипи.