Нов рекорд на посетеност, Мундијалот во Германија го следеле речиси еден милион гледачи

Германската ракометна федерација деновиве ги сумираше економските и спортските бројки од Светско првенство кое во јануари се одржа во Германија и во Данска. Според направените анализи Мундијалот од трибините го гледале над 900.000 луѓе, што е одлична бројка.

„Продадовме 98% од тикетите, што е неверојатен показател за привлечноста на натпреварувањето. Сè уште не ги знаеме финалните бројки, но претпоставуваме дека ќе имаме милионски профит“, стои во извештајот.

Сега во Германија целат кон тоа да ја зголемат нивната активност и со самото тоа посетеноста на Европското првенство во 2024 би било на уште повисоко ниво. Германските спортски преставници сакаат да ја намалат цената на тикетите со што посетеноста би срушила нов рекорд.

Натпреварите од Светското првенство 2019 година, биле следени од 902.505 гледачи. Во Германија присуствувале вкупно 538.168 гледачи, додека во Данска, 366.337 гледачи.

Претходниот рекорд на посетеност на некое европско или светско натпреварување организирано во Германија бил на Светското првенство во 2007 година, каде присуствувале околу 150.000 луѓе помалку.