Новите правила за Лигата на шампиони 2015/2016 официјално претставени

На денешната завршна прес-конференција од Фајнал Фор турнирот во Келн, претседателот на ЕХФ, Жан Брихалт донесе многу позитивен заклучок на петтото издание на настанот:

“Овој ВЕЛУКС ЕХФ ФАЈНАЛ ФОР турнир, како и неговите претходници, се обидува да го достигне најголемиот успех со возбудливи натпревари, вклучувајќи и дополнително време и пенали. Значи гледачи уживаа – и се надевам дека ќе видиме две нови возбудливи натпревари денес“

Сепак главна тема беше новиот систем на играње во ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите од 2015/16 натаму.

„Разгледувавме шест различни можности за системот на игра, кој ќе се практикува во иднина и конечно одбравме еден во договор со сите засегнати страни.“
Генералниот секретар на ЕХФ, Михаел Видерер истакна дека одлуката не била лесна:

„ Мнозинството од европските клубови страдаат од малку конкурентни натпревари и имаа потреба од формирање нова Европската лига пред половина година. Управата на клубовите (мажи), одборот на професионалени ракометари, комисијата за натпреварување, партнерите и националните федерации беа вклучени во процесот да се создаде еден нов систем на игра.
Вклучувањето на партнерите како спонзори и ТВ станици, исто така беше од суштинско значење за нашата одлука. И треба да видиме дека Лигата на шампионите не е независна, туку треба да се гледа во контекст на националните лиги и прекуграничната лиги.“

Целта на сите тела е едноставна според Видерер.

“Треба да се подобри конкуренцијата, да ја стабилизираме лигата и да бидеме сигурни дека имаме натпревари на еднакво ниво. Во сегашната систем со групи, тимовите рангирани како петти и шести даваат резултати кои не се идеални за конкуренција.
Ние сакаме да се вклучат повеќе екипи и повеќе пазари – па новиот систем ќе им даде на повеќе тимови шанса да влезат во конкуренција. Моравме да се создаде систем за еднакви натпревари и повеќе земји да влезат во конкуренција. “.

Новиот систем се состои од 28 екипи, поделени во две групи(А и В), секоја со осум тимови, вклучувајќи ги најдобрите тимови од најдобрите лиги. Во овие групи ќе се одиграат 14 круга, соодветните победници во групата ќе се квалификуваат директно за четврт-финале, а десетте екипи рангирани од второ место до шестото место ќе се квалификуваат во шеснаест-финалната фазата.

Вториот дел е составен од групите C и D со шест екипи во секоја од нив. Соодветните победници од група се квалификува во шеснаесет-финалната фаза. По дуелите на последните 16, системот ќе остане ист како и досега со четврт-финале и Фајнал Фор турнир(VELUX EHF FINAL4).

Бројот на натпревари ќе се зголеми од 148 на 200, а бројот на земјите учеснички ќе се зголеми од 15 до 20 или дури и 28 , во зависност од бројот на тимови во групи C и D.
Ова е директен одговор на ЕХФ, на регионалната СЕХА лига која од следната сезона ќе ги вклучува и тимовите од Унгарија и Словенија, а зад која стои големиот „Газпром“ како главен спонзор. СЕХА лигата бараше потврда од ЕХФ, победникот да обезбеди место во Лигата на шампионите, но досега единствено доби зборови на поддршка и желба за соработка.
Колку новиот систем ќе ја промени фактичката состојба во Европа, како ќе влијае тоа на малите тимови, дали предноста од неколку недели одмор на големите екипи ќе биде недостиг за малите екипи или предност и на крај како ќе изгледа овој експеримент на челниците на ЕХФ и како ќе влијае тоа на СЕХА регионалната лига ќе дознаеме во 2015 година.