Новиот селектор на Словенија ќе дебитира против Македонија

На крајот на декември репрезентациајта на Словенија ќе ги почне подготовките за Европското првенство, а Зрече ќе биде местото каде што ќе се почне со работа. Словенците групната фаза ќе ја играат во Шведскa, каде што во група со домаќинот, Швајцарија и Полска ќе се борат за едно од првите две места кои водат во следната фаза.

После разделбата со Веселин Вујовиќ, Словенија е без селектор, а неговиот наследник ќе биде познат во вторник за кога е најавено претставување на новиот селектор на прес-конференција.

Дебитантскиот настап на новиот предводник на Словенците ќе биде на подготвителниот дуел пред првенството против Македонија кој ќе се игра на 3 јануари од 19:00 часот во Словењ Градец. Ден подоцна Словенија ќе се тестира и со Црна Гора во салата Полај во Трбовље со почеток во 17:30 часот.

За Словенија ова ќе биде трет настап во низа на Европските првенства откако го пропуштија најдобриот ракометен собир на Стариот континент во Данска во 2014 година. Македонија и Словенија се чести ривали на првенствата, а најважниот дуел беше оној на ЕП 2012 во Србија за 5. место кој го доби нашата репрезентација, кој тогаш водеше во квалификациите за Олимписките игри.