Новиот бундеслигаш се засили со врвен стрелец

Новиот Бундеслигаш, Нордхорн, договори фантастично засилување во пресрет на новата сезона. Станува збор за довчерашниот играч на Магдебург, Роберт Вебер. Овој ракометар помина неверојатни десет сезони во Магдебург и се чинеше својата кариера ќе ја продолжи во некоја послаба конкуренција, но сепак остана во најсилната лига на светот.

Следните две сезони ќе ги помине во Нордхорн кој има амбиции да обезбеди опстанок во Бундес лигата. Австриецот кариерата ја започна во Алпла Хард пред да пристигне во Балинген. Таму покажа одлични партии и го привлече вниманието од големите имиња.

Со Магдебург во десет сезони еднаш го освои Купот во Германија, а во сезоната 2014/15 стигна до титулата најдобар стрелец во лигата. Одигра неверојатни 160 дуели за својата репрезентација и постигна повеќе од 700 гола.