Нова маскота на големите натпреварувања, насмеана дланка за ЕУРО 2016 (Фото)

Домаќинот на наредното Европско Првенство за мажи, Полска го искористи присуството на големиот број меѓународни медиумски куќи и новинари кои го покриваат Европското Првенство за жени и на последниот слободен ден во Будимпешта ја промовираше новата маскота на Европското првенство 2016.
Златната рака на која со црвени букви е испишано ЕУРО2016 ќе ги краси арените во Полска на почетокот на 2016 година. Организаторот на Европското првенство 2016 се потруди во презентацијата да ја вметне и полската традиција и нејзините специјалитети и со пригодна национална софра ги почести присутните новинари во прес центарот на Арената „Ласло Пап“.
Македонија во квалификацискиот циклус место меѓу најдобрите 16 на првенството ќе бара преку Франција, Чешка и Швајцарија. Натпреварите во Полска ќе се одиграат од 17 до 31 јануари 2016, а домаќини ќе бидат 4 града Краков (Краков Арена), Вроцлав (Хала Стулеција), Катовице (Сподек), Гданск(Ерго Арена).
Натпреварите од финалната фаза ќе се одиграат во главниот град на Полска, а Вроцлав освен во групната фаза ќе биде домаќин и на натпреварите за 5 и 7 место, натпревари кои водат до Олимписките игри во Рио 2016.
Македонија во зависност од резултатите кои ќе ги постигне во квалификациите, своите натпревари би ги играла во Катовице, кој е резервиран за балканските земји и нивните навивачи.
20421_5495a52243
На задниот дел со црвени букви е испишано името на домаќинот и настанот кој го организира.
EHF_EURO2016_LOGO_red
Логото на првенството беше претставено за време на втората фаза од квалификацискиот циклус, се работи за стилизиран ракометар кој потсетува на отворена дланка во златна боја на црвена позадина.
20415_5495a5206b
Новата маскота на Европските Првенства, насмеана дланка за Еуро 2016