Ниту Металург, ниту Вардар: Вања Илиќ се врати таму од кај што дојде!

Српското лево крило Вања Илиќ, кој минатата сезона ја мина во редовите на Работнички и беше најдобар поединец, се врати во тимот од каде што дојде во Македонија, некогашниот српски првак Партизан.

Иако летово Илиќ беше многу блиску до премин во Металург, а се шпекулираше и со негов договор со актуелниот првак Вардар, сепак на крајот се врати во Србија. Илиќ се наоѓа на поширокиот репрезентативен список на српскиот селектор Дејан Периќ.