Никчевиќ за 24Ракомет ТВ: Се виде дека Битола одамна чекала да гледа врвен ракомет (ВИДЕО)

Тимот на Спортинг Лисабон славеше со 29-30 против Еурофарм Работник во премиерата на битолскиот тим во Лигата на шампионите.

Еден од најискусните ракометари во португалскиот тим Иван Никчевиќ ја пофали атмосферата во салата и е задоволен од победата.

„Се виде дека Битола одамна чекале да гледаат врвен ракомет, бидејќи атмосферата во салата беше одлична.  На крај одлучија една или две топки. Направивме доста грешки, дозволивме домашната екипа да биде во игра до самиот крај, но сепак тие исто така одиграа добро во двата правци и ние мораме да бидеме задоволни со победата“, вели Никчевиќ за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава на некогашниот српски репрезентативец погледнете ја во видео прилогот…