„Не сум националист, но не сакам странци да ги земаат нашите места“

Трофејниот руски тренер Евгениј Трефилов нема да ја води женската репрезентација на Русија на Мундијалот во Јапонија, и се чини дека тој не е импресиониран од одлуката странец да биде на кормилото.

Предводник на Русинките ќе биде Амброш Мартин, кој е тренер на рускиот првак Ростов Дон.

„Јас ќе одам во Јапонија да ги гледам натпреварите на нашиот тим. Сергеј Шишкарев ми понуди таква можност и јас ја прифатив. За работата на Амброш ќе зборувам по завршувањето на Светското првенство. Не сум националист, но не сакам странци да им ги земаат местата на нашите тренери од Русија. Ние сме голема земја, имаме талентирани луѓе во сите сфери, па така и во спортот“, коментираше Трефилов за руските медиуми.

Русија го почнува настапот на Мундијалот во Јапонија на 30 ноември против Кина, а потоа ја чекаат дуелите со Шведска, Јапонија, Аргентина и Конго.