Не само Скубе и Миха Зарабец е опција за тимот на Хановер

После појавувањето на името на Сташ Скубе како можно засилување за Хановер, многу брзо во комбинација се појави уште еден играч од Словенија кој по конституција и стил на игра е сличен со ракометаорт на Вардар.

Играчот на Кил, Миха Зарабец е еден од играчите кои би можеле да го засилат тимот на Хановер каде што имаат проблеми на среден бек поради тоа што Мортен Олсен на крајот од сезоната го напушта клубот.

Тренерот на Хановер, Антонио Карлос Ортега посакува квалитетен плејмејкер кој ќе донесе многу побрза игра. Тој дури би сакал да ги има и двајцата односно и Зарабец и Скубе со што би имал брза игра и би бил далеку поконкуренте во следната сезона.

Информациите говорат дека нема да има ништо чудно доколку успее да ги ангажира и двајцата, а во прилог за Зарабец оди фактот што следната сезона пристигнува Норвежанецот Сандер Сагосен од ПСЖ, па ќе биде многу тешко да се добие минутажа каква што посакува.