Не е важно каде – важно е да е автограм (Фото)

Годинава во Струга можеби нема светски звучни имиња во однос на екипи, но публиката ужива во она што се случува на Отвореното Игралише. А тоа е шанса да се направи и фотка со својот идол, да се добие автограм од омилениот играч. Кој знае, можеби во иднина ќе биде и уште поголема ѕвезда.

А кога станува збор за земањето автограми не е важно каде се зема, важно е да се добие. Така голманот на Еурофарм Работник, Благојче Трајковски мораше веднаш по излегувањето од теренот да се соочи со десетина деца. Сите сакаа токму тој да им се потпише.

Тоа беше прв натпревар за битолчани во новата сезона и го победија Пролете со 35-22 најавувајќи дека македонскиот вицепрвак е прв фаворит за трофејот во Струга.

Но, не е важно каде се зема автограмот. Така тренерот на Гуиф, Зоран Рогановиќ веднаш до клупата мораше да одговори на барањето на едно младо девојче. И тоа на оградата додека тимот се загреваше.

Годинава се одржува 47-то издание на турнирот во Струга, со шест екипи: Гуиф (Шведска), АЕК (Грција), Пролетер (Србија), Буте, Струга и Еурфарм Работник (Македонија).