Нема веќе бариери, Еурофарм го фати вистинскиот европски пат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник напиша уште една убава страница во својата историја, откако во Битола ја забележа првата победа во Лигата на шампионите.

Битолчани и сега водеа на полувреме, 17-13, но за разлика од претходните мечеви, сега не ја испуштија предноста до крај и забележаа триумф со 31-30.

Следен предизвик за Еурофарм ќе биде домашниот натпревар против Татран Прешов.