Неагу ќе биде подготвена за Мундијалот во Јапонија

Пред две недели селекторот на Романија, Томас Риде најави дека шансите за настап на Светското првенство во Јапонија на Кристина Неагу се 20%. Но сега тој е поголем оптимист и ја планира во неговиот состав за настап на првенството.

„Да, Кристина е на списокот, ќе тренира со намален интензитет, а ако се биде во ред до крајот на неделата ќе ги засилиме тренинзите. Се надевам и ќе стегам палци се да помине во најдобар ред“, рече Риде.

Најдобрата романска ракометарка се повреди на Европското првенство во Франција и од тогаш е надвор од терените. Селекторот е подготвен за сите ситуации доколку не се опорави Неагу.

„Имаме две стратегии кои зависат  од тоа дали Неагу ќе се врати во тимот за СП во Јапонија. Разговрарав со нејзе пред два дена и се надевам ќе се приклучи на репрезентацијата. Пред две недели не ни можевме да помислиме на тоа. Ја следам нејзината физичка и психичка состојба  за Светското првенство“, коментираше Риде.

Романија за противници во групата на СП ќе ги има Црна Гора, Шпанија, Унгарија, Казахстан и Сенегал, а првенството се игра од 30 ноември до 15 декември.