На Петров му годи во Гвадалахара

Кружниот напаѓач Костадин Петров во новата сезона ќе го има својот прв интернационален предизвик во неговата кариера. Негова нова средина е Гвадалахара од Асобал лига, а македонскиот интернационалец очигледно веќе се адаптирал на новиот клуб и новите соиграчи.

Гвадалахара ремизираше на последниот пријателски натпревар против Анхел Хименез, 26-26, а Петров беше меѓу подобрите на теренот во напад со три погодоци, а заврши одлична работа и во одбраната.

Претходно Гвадалахара го победи второлигашот Икаса Мадрид (Петров три погодоци), а загуби од составот на Нава (Петров два гола). Во првото коло од Асобал, Петров и Гвадалахара ќе играат на гости кај Ла Риоха

Фото: Rafael Martin