Наскоро ќе се гради Дом на спортови во општина Аеродром

Еден од проблемите на спортските федерации во Македонија е што немаат свој Дом, и на едно место да бидат сите спортски федерации, особено оние помалите кои немаат многу финансиски средства. Според најавите на Наумче Мојсовски, поранешниот ракометен репрезентативец наскоро ќе се реализира проектот за изградба на базени, се усвои проектот за изградба на Дом на спортови кој ќе почне да се гради во населба Аеродром на потегот меѓу салата „Јане Сандански“ и хотелот „Хилтон“.

Ова го најави во интервју за 24ракомет, каде меѓу другите теми беше и формирање на Министерство за спорт, нов начин на распределба на ваучерите…

Мојсовски веќе има и тим од спортисти кои се дел од Комисијата на СДСМ.

Добив ингеренции да ја формирам Комисијата за спорт и веќе се во тек активностите околу сето тоа. Во план е да има две Комисии, една мора да е повеќе политички ориентирана која би туркала „горе“ за спроведување на програмите, а другата Комисија ќе биде составена исклучиво од спортисти и таа ќе работи повеќе на терен да видиме каде што недостасува на спортски план. Во составот на оваа Комисија ќе има двајца кошаркари – Тоше Гечевски и Едина Муса, од ракометот ќе бидат Адријана Будимир, Гоце Макалоски и Владо Недановски, од фудбалот се Игор Митревски и Никола Ѓошевски. Во Комисијата ќе бидат вклучени и атлетичарката Дрита Ислами и каратистот Емил Павлов. Сакам во Комисијата да бидат опфатени сите спортови и да видиме што е болката во секој спорт поконкретно. Сите спортисти со кои што разговарав прифатија и подготвени се да помогнат. Деновиве треба да почнеме со работа, да ја подготвиме програмата за спорт во СДСМ и да се „пуштиме“ по терен да видиме до каде сме, што е досега направено, што треба да се направи во иднина. Веќе се реализира проектот за изградба на базени, се усвои проектот за изградба на Дом на спортови кој ќе почне да се гради во населба Аеродром на потегот меѓу салата „Јане Сандански“ и хотелот „Хилтон“.

  • Сега си претседател на Комисијата за спорт во СДСМ, би прифатил ли некоја повисока политичка функција ако дојде до тоа?

„Ако е поврзано со спортот – да. Се водам од тоа дека ако имаме спортист на тие позиции ќе биде многу поефектно за самиот спорт. На властите кои и да се, спортот не им е приоритет. Се даваше многу мал простор за да може да се менаџира на најдобар начин. Мене ако не ми се мешаат да си го терам спортот за спортистите и се останато, јас би се нафатил. Поинаку не.

Целото интервју со Мојсовски можете да го прочитате на следниот линк.