Мотивирани Босанци: Отпатуваа со автобус и победија во Белорусија (Видео)

Триумфот на БиХ во првото коло од квалификациите за ЕП 2020 година на гости во Белорусија и немаше да биде голема вест во некои други околности. Но, ако се земе предвид дека Босанците отпатуваа за Минск со АВТОБУС и патуваа 16 часа тогаш бодовите се големи како планина.

БиХ победи со 30-29 и тоа со гол во последната секунда од пенал. Можеа и порано гостите да ги решат дилемите но влегоа во неизвесна завршница. Го имаа последниот напад за победа, но промачија и на десетина секунди до крај ја украдоа топката и во контра изборија пенал.

Реализатор на победничкиот гол беше Прце по што почна и радоста. Нуиќ имаше седум гола, а по пет постигнаа Карачиќ и Прце.

Pogledajte triler završnicu u Minsku i veliko slavlje rukometaša BiH. 🇧🇦💪Za infarkta 😁 Podijeli!

Публикувахте от Rukometna reprezentacija BiH в Четвъртък, 25 октомври 2018 г.
Како БиХ победи во Минск

Првото полувреме Белорусија го доби со 16-12, а потоа имаше и предност од пет голови. А Босанците и тоа го стигнаа и победија.

Во следното коло во сабота БиХ е домаќин на Чешка.