Младите положија уште еден испит, ама допрва ги чека „дипломска“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репрезентацијата на Македонија дојде до победа од 25:21 на првата контрола против Грузија одиграна во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а овој триумф секако ќе значи многу за момците со оглед на тоа што покажаа дека знаат како да се снајдат на теренот во моменти кога капитенот ги гледа од клупата.

Кирил Лазаров го мина целиот меч на клупата, но имаше одлична замена во младите момци кои одработеа според планот и до крајот знаеја што сакаат на овој дуел.

Иако беше тешко, сепак, имаше контрола на играта и имаше добра завршница, па ова е најава за уште поубава средба утре кога од 16 часот се игра вториот меч во СЦ „Борис Трајковски“.