Митревски: Со ограничен ростер и неискусни ракометари тешко е да се очекува повеќе (ВИДЕО

Македонија загуби од Русија во натпреварот од рамките на “Президент куп” фазата на СП во Данска и Германија. Русите беа подобри со резултат 30-28, по кој се изборија за натпревар и борба за 13.место , а нашата репрезентација ќе игра натпревар за 15.место против поразениот од Чиле и Катар.

Голманот Никола Митревски беше еден од ракометарите кој имаше одлични настапи на Мундијалот. Иако шанса од самиот почеток доби само на натпреварите против Шпанија и денес против Русија, Митревски покажа дека е голман на кој нашиот национален тим може да смета во секое време.

Според Митревски, и покрај неговите одлични партии, ракометот е спорт во кој добрата игра на еден ракометар не може да биде пресудна во креирањето на позитивен резултат. Сите ракометари мора да пружат игра на високо ниво доколку се сака да се постигне нешто повеќе на натпреварување какво што е СП.