Миркуловски : Полуфиналето не е недостижно

Македонија е изненадувањето на ова Европско првенство. Репрезентативците кои го носат „ црвено – жолтиот“ дрес успеаја да и парираат на фаворизираната Германија која е актуелен европски првак и да извлечат голем бод (25-25) кој ги однесе на првото место во групата Ц.

Еден од најборбените во редовите на македонската реепрезентација, Филип Миркуловски е среќен за постигнатото до сега и најавува нови успеси во Вараждин.

„ Со максимално залагање, малку среќа и поддршка од нашите фанови полуфиналето не е недостижно. Завршивме први во групата пред една големи репрезентации како Германија и Словенија но нема да застанеме тука. Одиме полека, чекор по чекор. Нема еуфорија. Имаме три дена одмор кои ќе ни бидат добредојдени. “ заврши популарниот Жути