Минимален пораз во Исланд, но Македонија има подобар меѓусебен скор

Во рамките на четвртото коло од квалификациите за Европското првенство во Хрватска Македонија се враќа од гостувањето во Рејкјавик со минимален пораз од 30-29.

Македонија одлично отвори и го диктираше темпото во текот на првиот дел. По воведните 1-0 на Стоилов, во шест минути македонските репрезентативци дојдоа до 4-2. До 17та минута Стоилов ја донесе највисоката разлика од 10-7. Но тука некаде започна црниот период на четата на Гонзалес. Со серија од три голови Исланд преку Гудмундсон, Арасон и Гунарсон го израмни резултатот на 10-10, а веќе во 21та минута го имаше и првото водство на дуелот, кое во 24та минута Гунарсон го претвори во 13-11. Разликата се одржуваше до самиот крај на натпреварот, а македонските ракометари успеаа да дојдат до изедначување за 16-16.

Македонија продолжи со исто темпо и во вториот дел. Исланѓаните имаа предност речиси во текот на целото полувреме, а од 40та минута Исланд повторно со серија од голови дојде до предност од 26-22. Разликата се задржа до 53та минута. Во последните пет минути Македонија влезе со -2 (28-26). Гунарсон погоди од пенал за 29-26. Миркуловски во следниот напад успешно се проби во просторот од шест метри, а по прекршокот ударот од пенал го реализираше Лазаров.  Исланд го имаше расположениот Палмарсон и тој беше причината да ја задржат разликата од три погодоци. Гоце Георгиевски повтрно ја врати Македонија на два разлика на минута докрај. Лазаров на десет секунди до крај ги постави конечните 30-29.

Македонија останува на втората позиција сега изедначена на четири бодови со Чешка, Украина и Иланд. Одлучувачки за пласман на европскиот шампионат, ќе бидат дуелите со Украина на гости и Чешка на домашен терен.

Најдобар на теренот беше Лазаров со 8 голови, Манасков го следеше со 6 додека Стоилов постигна 5. Кај Исланд Гудмундсон постигна 7, а го следеше Карасон со 6.