Милосављев ја спаси Србија од срам во Зрењанин

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев  херојот на Србија во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Тој успеа да собере три одбрани на средбата против Белгија на која гостите приредија изненадување, а особено важна беше последната која донесе бод за селекцијата на Србија.

Милосављев запре удар на несудениот ракометар на Металург, Ќерими и на тој начин зачува бод за Србија во тешкиот натпревар кој заврши со резултат 27:27.

Во интересна средба во која Србите во добар дел имаа и предност од три гола на крајот можеа да бидат задоволни што спеаха да освојат бод бидејќи селекцијата на Белгија имаше шанси да дојде до триумф.

Сепак, во клучните моменти голманот на „вардарци“ беше присебен и концентриран, па знаеше како да го запре противничкиот ракометар со што зачува важен бод за Србија на стартот од квалификациите. Инаку, денеска Кукиќ беше најефикасен со шест гола во редовите на Србија, додека Кежиора со осум беше прв стрелец на Белгија.